Можностите за инвестирање во Македонија првпат презентирани пред Јапонската бизнис-заедница во Осака. Земјоделството, производството на храна и на добро вино, производството на автомобилски делови и нискиот данок на добивка од 10% за разлика од високите даноци во Јапонија се најзабележаните сектори по кои е позната Македонија. На вториот бизнис-форум организиран од владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски во соработка со ЈЕТРО пред претставници од повеќе јапонски компании од регионот на Осака беа претставени инвестициските можности што ги нуди Република Македонија како порта за водење на нивниот бизнис во европски рамки. Македонија, како што истакна директорот на Јапонската надворешна трговска организација (ЈЕТРО) за Осака, Сузуки Јацуши, во изминатите неколку години ги има унапредено деловните процедури и денес се наоѓа на 22-то место на листата на Доинг Бизнис, на Светска Банка, додека Јапонија се наоѓа на 20-то место на таа листа.
Можностите за инвестирање во Македонија првпат презентирани пред Јапонската бизнис-заедница во Осака.
Земјоделството, производството на храна и на добро вино, производството на автомобилски делови и нискиот данок на добивка од 10% за разлика од високите даноци во Јапонија се најзабележаните сектори по кои е позната Македонија.
На вториот бизнис-форум организиран од владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски во соработка со ЈЕТРО пред претставници од повеќе јапонски компании од регионот на Осака беа претставени инвестициските можности што ги нуди Република Македонија како порта за водење на нивниот бизнис во европски рамки.
Македонија, како што истакна директорот на Јапонската надворешна трговска организација (ЈЕТРО) за Осака, Сузуки Јацуши, во изминатите неколку години ги има унапредено деловните процедури и денес се наоѓа на 22-то место на листата на Доинг Бизнис, на Светска Банка, додека Јапонија се наоѓа на 20-то место на таа листа.
Премиерот Груевски, како што соопшти владината прес-служба, во своето обраќање пред присутните ја истакнал длабоката почит за силната колективна работна етика и иновативната генијалност на Јапонија, преку која вредната и интелигентна јапонска нација успеа да ја создаде третата најголема економија во светот.
- Република Македонија во изминативе неколку години за многумина се издигна во едно од најпријатните изненадувања и еден од најпозитивните економски примери во Европа - нагласи Груевски.
Според Груевски, еден од најважните предизвици на владината политика е да се обезбедат образовни можности за македонските граѓани кои се потребни за новото време. Тој нагласи дека достапната висококвалификувана работна сила беше една од причините која ги привлече Џонсон Мети, Џонсон Контролс, Кемет Електроникс, Текнохозе, Протек Груп, Мадерсон Груп, Сосиете Женерал, Алианс Уан, Аустриа Телеком, Лакталис, Телеком Словенија и многу други во Република Македонија.